Состојки:
- 250g шеќер
- 1 шолја вода
- 250g мелени ореви
- 100g сечкани ореви
- 150g стопено посно чоколадо
- 100g сечкано суво грозје
- 100g сечкани желе бонбони
За глазура:
- 100g посно чоколадо
Подготовка:
Измешајте го шеќерот со шолја топла вода, додека не се стопи.
Додајте ги оревите, и сечкани и мелени, стопеното чоколадо, сувото грозје и желе бонбоните додека добро не се соедини смесата.
Ставете ја смесата во триаголник калапи и ладете неколку часа во фрижидер.
Извадете ја смесата од калапот, прелијте со чоколадо, оладете уште малку, па сечете на парчиња.