Хранливиот грејпфрут

Грејпфрутот има само 103 калории – само неколку помалку отколку во голема банана. Но, освен што е нискокалоричен, кои се другите здравствени придобивки на ова овошје?
Грејпфрутот е преполн со хранливи материи, тука вклучувајќи ги и витамините Ц и А. Тој исто така е и добар извор на диетални влакна кои придонесуваат за правилна работа на дигестивниот систем, а скоро 90% од неговата тотална тежина е вода – што го прави одличен избор особено во летниот период, кога е потребно да сме што повеќе хидрирани.

Во еден цел грејпфрут има 17 грама шеќер, што и не е за занемарување и е релативно голема бројка во споредба со останатите овошја. За споредба, една полна шолја од парчиња лубеница содржи околу 10 грама шеќер.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Но, релативно големата количина на шеќер не значи дека грејпфрутот не е здрав – повеќе студии покажале дека јадење на еден грејпфрут дневно помага при намалување на високиот крвен притисок.

За максимално искористување на сите негови придобивки, најдобро е да се јаде свеж, а не во форма на купени сокови, бидејќи тие најчесто се разводнети и дополнително им е додаден шеќер.

Мени