
Состојки:
- 600гр брашно⠀
- 300-350гр млака вода⠀
- 50мл маслинов зејтин⠀
- 1 лажичка шеќер⠀
- 1 лажичка сол⠀
- 1 ќесичка сув квасец⠀
- 2-3 домати ⠀
- 1-2 лажички зачин италијански микс
Подготовка:
Од брашното, водата, маслиновото масло, шеќерот, солта и квасецот се замесува тесто.⠀
Добиеното тесто го оставаме да отстои 1 час.⠀
Во тавче обложено со хартија се нанесува стасаното тесто.⠀
Се оформува и се прават дупчиња.⠀
Врз тестото се нанесува доматот и маслинките.⠀
На крај се посипува со италијански зачин и малку маслиново масло.⠀
Подготвената фокача отстојува 10-15 минути.⠀
Се пече на 200С околу 30минути.⠀
Пријатно јадење!