Уникатен коктел со извонреден вкус: Како дома да си приготвите мохито со боровинки

Јул 30, 2019 | Пијалоци (Шејкови)

Покрај лубеницата и сладоледот, на високите температури, совршен избор за освежување се и разните коктели. Со многу овошје, малку алкохол и коцки лед, тие знаат да бидат вистинско летно задоволство!

Токму за денес ви приготвивме брз и лесен рецепт за уникатен коктел, кој никого не остава рамнодушен!

Мохито со боровинки

Потребни состојки

  • 1 шолја свежи боровинки
  • 120 мл рум
  • 10 лисја мента
  • 2 супени лажици шеќер
  • Сок од лимета (2 исцедени плодови)
  • Минерална вода

Начин на подготовка

Во блендер најпрво додадете ги боровинките и истите сомелете ги. Откако ќе добиете еднаква текстура, во блендерот додадете ги и ментата и шеќерот. Следно, додадете го сокот од лимета и румот и добро измешајте ги состојките.

Во чаша поставете неколку коцки лед, а потоа додадете ја и добиената смеса од блендерот и на крај додадете ја и минералната вода.

Украсете со лист од мента и уживајте во уникатниот и освежителен вкус!

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...