Торнадо компир – единствениот рецепт за брз ручек кој ви треба

Печениот компир е веројатно наједноставниот рецепт за ручек или прилог кој може да го подготвите кога немате многу идеи и време на располагање.

Но, рецептот за торнадо компир е единствениот кој ви треба од денес.

За 2 порции потребни ви се следните состојки:
  • 2 големи компири
  • 2 парчиња пилешки стек
  • 2 лажици путер
  • 200g презла
  • 50g пармезан
  • Под

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете го секој компир на по едно стапче за ражнич и исечете го спирално како на видеото.

Пополнете со пилешкиот стек, кој претходно ќе го исечкате на тенки парчиња.

Измешајте ги пармезанот, презлата и ориганото, па компирите извалкајте ги во миксот.

Печете околу 1 час, со 1-2 проверувања. Компирите треба да добијат златно-жолта боја.

Сервирајте додека се топли, со прилог салата.

 

Мени