ТЕСТЕНИНИ ВО СОС ОД МАСЛИНКИ

Дек 14, 2017 | Предјадење

Ако сте љубител на тестенините ова е вистинскиот избор за вас. Денес подгответе нешто вкусно, лесно и едноставно…

За ова јадење ви се потребни 500 грама фусили (макарони, шпагети), 200-300 грама маслинки (исечкани), 1-2 главици кромид, 3-4 чешниња лук, 1-2 лаврови ливчиња, 500 мл доматен сос, малку свеж магдонос (ситно исечкан), 1/2 кафена лажичка нане, малку морско оревче, 1/2 супена лажица шеќер, 50-70 мл масло за готвење, малку сол (по вкус) и малку црн пипер (по вкус).

Начин на подготовка

Едно пакување шарени, а може и обични макарони се варат според упатството што е дадено на нив и се оставаат уште 10 минути во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат. На маслото се пржи сечканиот кромид и се додава лукот. Кога е убаво стаклено испржен, се додаваат сечканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува. Се додаваат доматното пире, магдоносот, нането, црниот пипер, морското оревче, лавровите ливчиња и сѐ убаво се запржува. На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган. На исцедените макарони полеваме од сосот и послужуваме. Може над нив да се изренда и сирење.

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...