Состојки:
- 500мл слатка павлака
- 300мл шлаг пена
- 1 кисела павлака
- 200г класични плазма бисквити
- 0,5кг вишни
- 0,5л млеко
- 1 ред чоколадо за готвење
Подготовкa:
Изматете ја слатката павлака. Изматете и 200 грама шлаг со 2 дл млеко и во оваа смеса додадете ја киселата павлака.
Сето ова соединете го и поделете го на два дела, па во едниот дел ставете 300 грама мелени плазма бисквити.
Плазма бисквитите натопете ги во млеко и наредете ги во плех. Потоа истурете ја половина од смесата,
вишните, па другата половина од смесата и на крај филувајте со остатокот од изматениот шлаг.
Добар апетит!