Сладолед од кафе

Разубавете ги овие топли денови со овој неодолив кремаст сладолед …

  • Потребно е:
    3 лажици инстант кафе
    неколку лажичиња вода (за да го растворите кафето)
    200 мл кондензирано млеко
    600 мл слатка павлака
    Подготовка:
    – Растворете го инстант кафето во малку вода. Додадете го кондензираното млеко и измешајте убаво.
    – Во поголем сад сипете ја слатката павлака и додадете ја мешавината со кафе и млеко. Убаво изматете со миксер.
    – Смесата сипете ја во платичен сад и ставете ја убаво да се стегне во замрзнувач.
    – Сладоледот сипете го во чаши, украсете го со малку мелено кафе и послужете.
Мени