Се подготвувате да одите на море – ова се цените за кафе, храна и лежалка во Хрватска, Црна Гора и Грција

Јун 9, 2019 | Забава

Летото пристигнува и пред почетокот на сеозната главно прашање на македонските туристи кои планираат одмор им е освен цената на хотелите и апартманите, колку чинат лежалките, чадорите за сонце, кафето, гирото и слично.

Цените во Грција и Црна Гора, засега се останати исти, но Хрватска значително ги зголемила цените.

-Цената за престој на хрватското крајбрежје е зголемена помеѓу 5 и 15 отсто во зависност од местото за кое туристите ќе се одлучат. За изнајмување две лежалки со чадор за сонце потребно е да се издвојат меѓу 10 и 20 евра – велат од една туристичка агенција која организира ангажмани за Курир.рс

Цената на храната останала слична како и минатото лето. За омилените слатки на плажа е потребно да се издвојат 2,5 и 3 евра колку што чини палачинка, односно 1,5 евра за крофна.

Според постоечките податоци топка сладоле ќе се продава за 1 евро, додека за овошен или газиран сок од половина литар потребни се 2 евра. Чај или еспресо од приморските локали ќе платите 1 евро.

Цените за брза храна од киоск се 0,80 центи за пециво, до 3 евра колку што треба да се издвои за парче пица или плескавица. Оброк во ресторан ќе ве чини најмалку 10 евра, а доколку сакате малку побогат ручек за тоа е неопходно да се издвојат и до 100 евра.

Во Грција нема поголеми поскапувања и цените на храната и пијалоците се скоро исти како и минатата година. За омилениот грчки специјалитет гирото, ќе биде неопходно да се издвојат 2,5 евра. Доколку се одлучите да јадете во ресторан потребни ќе ви бидат од 6 до 8 евра по лице и тоа за најевтината варијанта.

Кафето во грчките локали е од 1 па до 4 евра во зависност за кое кафе и каде ќе се одлучите да го испиете. За пиво е потребно да се издвојат меѓу 3 и 5 евра. Шише вода од половина литар чини 50 центи, а од литар и литар и половина од 1,5 до 1,7 евра.

Цените на лежалките на Халкидики се движат по лице од 5 до 15 евра, но на летувалиштата на олимпискиот регион е значително поевтино. Доволно е да нарачате кафе и ќе добиете лежалка.

Цените во Црна Гора се исти како и минатата година. Цена на лажелка на плажа чини исто, односно за една е потребно да се издвојат од 5 до 15 евра, на најфрекфентните плажи.

За популарната брза храна во екот на сезона е потребно да издвоите меѓу 1 евро и 5 евра во зависност од популарноста на летувалиштето, додека цената на кафето е меѓу 0,80 и 1,80 евра. Цените во рестораните се останати исти, односно за ручек е потребно да се издвојат меѓу 4 и 40 евра по лице во зависност од летувалиштето и нарачаната храна.

Се повеќе граѓани се одлучуваат да летуваат во Турција, но и цените во таа земја оваа година се зголемени.

Мексиканска кујна

Мексиканска кујна

За мексиканската кујна се смета дека е една од најпознатите во светот. Голем дел од производите што се користат во разните кујни во светот, потекнуваат од Мексико. На пазарите во старо Мексико можело да се најде: грав, пченка, кикиритки, какао, домати, чили пиперчиња,...

Тајните на Француската кујна

Тајните на Француската кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во 1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори, таа покрај личните работи, на пат ги повела готвачите, келнерите и слаткарите. Катерина со право била...

Турска кујна

Турска кујна

Турската кујна спаѓа меѓу 10 најатрактивни светски кујни. Дамнешниот номадски живот, просторот со различната флора и фауна, кои минува низ седум географски зони, и наследството на богатата царска кујна се трите темелни елементи кои влијаат врз гастрономската умешност....

Надал на својата свадбата ќе јаде зеленчук, а неговите гостите месо и риба

Надал на својата свадбата ќе јаде зеленчук, а неговите гостите месо и риба

На шпанскиот тенисер Рафал Надал му дојде преку глава од ергенскиот живот и реши да се жени. Негова избраничка е Циска Перело, со која е во врска веќе 14 години, а се верија лани, во мај, во Рим. Според шпанскиот тв канал “Телекинко“ парот планира да се венча следниот...