РОЛОВАНА БАКЛАВА

Состојки:

8 кори за баклава
Фил:

100 г мелени ореви
50 г мелени бисквити
2 г. лажици гриз
50 мл масло за готвење
Друго:

50 г путер
50 мл масло за готвење
Шербет:

300 г шеќер
350 мл вода
1 м. лажица ванила
1 м. лажица сок од лимон
Подготовка:

Подготовка на шербетот: Во длабок сад ставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие, додадете го шеќерот и варете 5 минути. Пред да го тргнете шербетот од оган, додадете сок од лимон и ванила. Оставете шербетот да се олади.
Во чинија, измешајте ги оревите заедно со мелените бисквити, гризот и маслото за готвење.
Путерот растопете го и измешајте го со маслото за готвење.
Садот за печење со големина 20 cm x 20 cm намачкајте го со путер. Рерната загрејте ја на 220 степени Ц.
Земете една кора за баклава и со помош на четка премачкајте со путер. Ставете врз неа уште една кора и премачкајте ја со путер.
На едниот крај од корите, по целата должина, распоредете ¼ од филот. Свиткајте ги во ролат и стегнете ги што е можно повеќе. Краевите исечете ги, пресечете ги ролатите на пола и ставете ги во садот за печење.
Повторете ја постапката со останатите кори. Внимавајте ролатите да бидат цврсто стиснати една до друга во тавчето.
Со остар нож, пресечете ги ролатите на мали парчиња и премачкајте ги со преостанатиот путер.
Печете ги околу 10-тина минути, а потоа намалете ја температурата на 150-170 степени и печете уште 20 минути или додека корите не добијат убава златна боја.
Топлата баклава прелијте ја со оладениот шербет и ставете ја да отстои барем 6-8 часа за да може шербетот убаво да се впие.

Мени