Пролетен деликатес – Сатараш со јајца

Мар 20, 2019 | Предјадење

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 4-5 пиперки
  • 7-8 зрели домати
  • 1 луто пиперче
  • зачин
  • масло
  • 2-3 јајца
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Кромидот се чисти и се сече на тенки долгнавести резанки.

Се динста додека не омекне, на загреано масло  со повремено додавање на вода, да не изгори.

За тоа време пиперките се сечкаат на коцки. По 10-ина минути, се додаваат на кромидот и се динстаат додека и тие не омекнат.

Додека пиперките се пржат, се сечкаат излупените домати на ситни парчиња и се додаваат во тавата.

Се намалува температурата, се додаваат и зачините, сечкана лута пиперка и малку вода.

Смесата се динста 10-ина минути, водата треба да испари и смесата да добие густина.

Кога зеленчукот ќе биде убаво динстан и омекнат, одозгора се кршат 2-3 јајца и се пржат на тивко, без мешање, по потреба тавата се протресува.

Се пржи додека јајцата не бидат убаво испржени. Потоа се посипува со сечкан магдонос и се служи во тавата во која се пржел сатарашот.

Добар апетит!

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...