Природен мевлем од Бозел- Лековита маст која треба секој да ја има во својот дом

Бозелот расте како грмушка или како ниско дрво. Кората на стеблото е сивокафена и распукана. Младите гранки се зелени, со забележителни лентицели, а кога ќе се скршат се гледа бела, мека срцевина.
Бозелот е лековита билка, а од него се користат цветот и зрелите плодови за подготовка на сируп, џем, вино, чај и друго. Цветот има сложен биохемиски состав, со што помага во излачувањето на потта и на мочта. Оттука, бозелот се користи за подготовка на чај, заедно со цветот од камилица или липа, кора од врба итн. Исто така, чајот од бозел се користи за лекување при настинки, грип, заболувања на горните дишни патишта и при ревматски заболувања. Чај од цветот на бозел им се дава и на децата заразени од овчи сипаници, со цел да се забрза оздравувањето. Цветот на бозелот дејствува и како диуретик и ги отстранува отровните материи кои се собираат при артритис и гихт. Најпосле, бозелот е корисен и за слабеење, зашто го забрзува метаболизмот и го исфрла вишокот вода од организмот.
Природниот мевлем од Бозел е лековита маст која треба буквално секој да ја има во својот дом.

 

 

Ова маст меѓудругото може да помогне во борба против акни, чиреви, конјунктивитис и кожни исфрлувања.

 

Овој мевлем се користи буквално за се:
-за масажа на стапалата (ги омекнува петите и ја прави кожата мазна и мека),
успешно делува на:
– секаков вид на рани и повреди на кожата,
– исеченици,
– егзема,
– дерматит,
– изгореници од секаков тип,
– постоперативни рани,
– отворени рани,
– загноени рани,
– испукани пети.

https://www.facebook.com/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BC%D0%B5%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D0%BE%D0%B4-%D0%91%D0%BE%D0%B7%D0%B5%D0%BB-112211380533914/?notif_id=1592345262799557&notif_t=page_fan&ref=notif

Мени