ПРИНЦЕС КРОФНИ

by | Дек 26, 2017 | Uncategorized, Десерти

Потребни состојки:

12 јајца

150 гр. путер

250 мл. вода

150 гр. брашно

1 литар млеко

12 лажици шеќер

2 ќесички пудинг од ванила

Припрема:

Ставете го путерот во 250 мл. ладна вода на оган и оставете го да зоврие. Чим зоврие, додајте го брашното, тргнете го тенџерето од оган и матете брзо за да не се створат грутки. Во меѓувреме изматете 6 јајца, посебно жолчки, посебно белки. Откако добро ќе ги изматите, додајте ги во тенџерето и добро промешајте. Оваа смеса е доволна за 40 принцес крофни.

Наредете по една лажица од тестото во намрсена тава за печење. Оставете простор помеѓу секоја крофна затоа што при печењето тестото ќе порасне. Печете 7 минути во веќе загреана рерна на 220 степени, а потоа уште 13 минути на температура од 200 степени.

Изматете 6 јајца, пудингот, шеќерот и 100 мл. млеко. Посебно загрејте ги останатите 900 мл. млеко, па потоа постепено додавајте ја претходно изматената смеса со јајца и шеќер и постојано мешајте. Гответе се додека филот не се згусне, па тргнете го од оган и оставете го да се излади.

Откако крофните ќе се испечат, оставете ги да се изладат. Изладените крофни пресечете ги на половина и наполнете ги со филот. Крофните ставете ги на чинија за сервирање и посипете ги со шеќер во прав. Добар апетит!

Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва