Предлог за лесна вечера: Печено пилешко со презла и пармезан

Се подготвува лесно, а ќе уживате во секој залак.

Потребни ви се само неколку минути за подготовка на овој оброк.

Состојки:

  • Четири парчиња пилешко филе
  • Сол и бибер по вкус
  • 45 гр. презла
  • 50 гр. рендан пармезан
  • 50 гр. рендан пармезан
  • Свеж магдонос
  • Чешне лук
  • Лажица сенф

 

Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Наредете го пилешкото месо на тава обложена со алуминиумска фолија, а одозгора ставете сол и бибер
Во сад ставете презла, пармезан, маслиново масло, магдонос и исецкан лук. На секое парче намачкајте малку сенф, а одозгора ставете ја смесата со презлата.
Печете околу 15 до 20 минути. Сервирајте со салата.

Мени