
Состојки
500гр. Бело пилешко месо | |
2-3 Јајца | |
кисела вода | |
Бело вино | |
сол и бибер | |
Зачин (Вегета) | |
Брашно | |
Масло за јадење | |
Сусам |
Инструкции:
Белото месо се сече на помали парчиња.
Парчињата се чукаат и наросуваат со зачини по вкус и малку масло.
Во длабок сад ги матиме јајцата.
Ставаме пола чаша вино и една чаша вода.
Мешаме и додаваме брашно за да се добие смеса како за палачинки.
Ставаме зачини по вкус.
Додаваме и сусам по сопствена желба.
Убаво промешуваме .
Парче по перче од пилешкото месо потопуваме во смесата и пржиме во загреано масло.
Се служи со свеж лимон.