Полнето печено пиле

Состојки

1-1,5кг. Свежо пиле
300гр. Чадена сланина
300гр. Печурки
200гр. Кашкавал
Сенф
Зачин (Вегета)
сол и бибер
Масло за јадење

 Инструкции

Исецканата сланина и печурки ги пропржуваме.

Свежото пиле го наросуваме со вегета ,сол и бибер по вкус и размачкуваме по малку сенф.

Во пчурките и сланината го додаваме исецканиот кашкавал и промешуваме.

Со таа смеса го полниме пилето и го затвараме со помош на дрвени чепкалки.

Се пече во загреана рерна на 180-200 степени.

 

Мени