Пијани кременадли – идеја за денешниот ручек

Состојки:

  •  4 свински кременадли (со коска) (дебели околу 2 см)
  • 300 гр свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 супена лажица путер
  • 50-200 мл бело вино
  • 150-200 мл павлака за готвење
  • малку сол
  • малку свежа рокола

Подготовка:

Намачкајте ги кременадлите со маслиново масло од двете страни и посипете ги со сол.Потоа загрејте го тавчето во кое ќе ги пржите кременадлите без да додавате масло. Пржете ги кременадлите околу 2 минути од секоја страна (или додека не се заруменат).

Извадете ги кременадлите во чинија, а потоа во истото тавче ставете го путерот да се истопи.

Исецкајте ги печурките на листови и кромидот во полукругови, па додадете ги во тавчето.Пржете неколку минути, додека печурките не омекнат.
Додадете го виното и пржете додека половина од виното не испари, а потоа намалете го огинот и додадете ја павлаката за готвење. Убаво измешајте за состојките на сосот да се спојат.
Намалете ја температурата на минимум, вратете ги кременадлите во тавчето, покријте го тавчето со капак или со алуминиумска фолија и оставете го да се динста околу 30-40 минути, или додека месото не омекне.
Послужете ги со свежа салата од рукола и гарнир по ваш избор.

Мени