Пијалак за детоксикација: Брусница за чистење на организмот

Мај 4, 2019 | Салати

На сите нас ни е потребна детоксикација на организмот.

Потребно е да го прочистиме телото од сите штетни супстанци кои ги внесуваме во нас преку храната, пијалоците но и преку воздухот.

Најбрз начин да извршиме детоксикација е со пијалоци кои можеме да ги направиме дома.

Подолу прочитајте како да направите пијалок од брусница кој ќе изврши детоксикација на вашиот организам.

Брусница

Брусницата преставува моќен антиоксиданс, освен тоа овој плод е извор на витамин Ц,

минерали, органски киселини, шеќер, билни влакна. Хипуричната киселина која се наоѓа во брусницата е еден од најдобрите природни антибиотици.

Потребни состојки

  • 2 литра вода од брусница
  • пола лажица мелен цимет
  • 1/4 лажица ситно рендан ѓумбир
  • 1/4 лажица морски оревчиња
  • пола шоља свежо цеден сок од портокал
  • 1/4 шоља свежо цеден сок од лимон

 

 

Подготовка

Водата од брусница ставете ја да проврие, и на намалена температура додадете ги зачините.

Гответе на тивок оган уште 15 минути по додавањето на зачините.

После тоа оставете ја течноста да се олади на собна температура. На оладената течност додадете и ги соковите од портокал и лимон и ставете ја во фрижидер да се лади.

Додатен совет

За детоксикацијата да има прав ефект неопходно е да го промените вашиот режим на исхрана и тоа само на 7 дена.

Јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте што повеќе вода и така ќе ги прочистите цревата.

8миот ден се препорачува пост кој подразбира конзумирање само на вода и пијалок за детоксикација. После тоа постепено вратете се на вообичаената исхрана

Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Идеја за лесен ручек без готвење: Карпачо од тиквички и бадеми

Рецептите со тиквички се неисцрпна тема, па не грижете се што да подготвите за летен ручек или лесна вечера бидејќи тиквичките се инспирација на која секогаш можете да се потпрете. Во оваа едноставна комбинација, ручекот што ќе го подготвите за вашите најблиски ќе...

Листа на најздрави салати

Листа на најздрави салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат. Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или...

Салата од просо, куркума и краставица

Салата од просо, куркума и краставица

Состојки 1 сецкана свежа краставица 100гр просо 1/2 лажиче куркума 1 лажиче ленено семе 100гр крем сир 2 лажици кисела павлака 1 лажица јогурт хималајска сол и бибер по вкус околу 300мл вода за варење на просото Подготовка Прво просото го ставаме во топла вода, во...

Рецепт за најубавата посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Рецепт за најубавата посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Сочна и едноставна салата од компир која ќе ја обожавате! Состојки: 1 кг компир 150 гр целер 1 главица кромид 500 гр моркови 250 гр посен мајонез 200 гр кисели краставички 1 лажица сенф малку бибер неколку лажици оцет од тегла од краставиците Начин на...