Сосојки:
- 500 гр пилешко филе
- 3 тиквици
- Малку рендан ѓумбир
- Сол, бибер, вегета
- Малку масло
- 1 лажица пченкарно брашно
- 100 мл вода
Подготовка:
Исечкајте го пилешкото на лентички, посипете го со пченкарно брашно и промешајте.
Додадете го месото во тава со загреано масло. Додадете ги зачините и пржете додека месото не добие малку боја.
Кога месото е готово, извадете го и ставете го во чинија.
Тиквичките исечкајте ги на кругови и пропржете ги во истото масло во кое го пржевте пилешкото. Додадете го изренданиот ѓумбир.
Додадете малку сол и динстајте.
Вратете го местото во тавата со тиквичките , додадете вода и крчкајте уште 5 минути на тивок оган.
Добар апетит!