Печени ќофтиња од лосос со сос од авокадо

Потребно е:
за ќофтињата:
360 гр лосос без кожа
1/2 главица кромид, изрендан на ситно ренде
1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
1 чешне лук, истискан низ преса
1 белка
2 лажици лебни трошки
1 лажиче сол
1/4 лажиче мелен црн бибер
1/4 лажиче мелена црвена пиперка
за сосот од авокадо:
1/2 авокадо
3 лажици грчки јогурт (или кисела павлака)
сок од 1/2 лимон
1/4 лажиче сол
1/4 лажиче мелен црн бибер
1/4 лажиче мелена лута црвена пиперка
1/4 лажиче лук во прав
2 лажици вода
Подготовка:
– Лососот сомелете го во блендер, но внимавајте да не го направите паштета).
– Префрлете го во подлабок сад и додадете ги сите останати состојки за ќофтињата. Измешајте да добиете хомогена смеса.
– Од смесата обликувајте 6 ќофтиња и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.
– Додека се печат ќофтињата подгответе го сосот од авокадо. Во блендер ставете ги сите состојки за сосот и измелете ги додека да добиете хомогена смеса.
– Сервирајте ги топли со малку изрендана кора од лимон.

Мени