Освежителен колач со праски

Состојки за кората:

  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 ќесичка прашок за пециво

Состојки за филот:

  • 600мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга ванила
  • 350мл кисела павлака
  • 3-4 праски
  • слатка павлака

Подготовка:

  1. Белките се матат со шеќерот, откако ќе се добие цврст снег, се додаваат жолчките и заедно и се заедно се мати.
  2. Во изматените јајца и шеќер се додава брашното и прашокот за пециво, заедно рачно се мешат.
  3. Во калап број 24, обложен со хартија за печење се истура тестото и се пече во претходно загреана рерна на 180С околу 15 минути.
  4. Печената кора се попрскува со неколку лажици млеко.
  5. Праските се лупат и се сечат на поголеми парчиња во облик на полумесечина и се редат врз кората.
  6. Се подготвува кремот. Пудингот и шеќерот се мешаат во 200мл млеко.
  7. Останатите 400мл млеко ги оставаме да се варат.
  8. Пред да се свари млекото го додаваме претходно разматениот пудинг и шеќер и се меша додека не се згусне.
  9. Кога ќе се свари кремот се додава киселата павлака и се меша додека не се соединат состојките.
  10. Подготвениот крем се прелева врз тестото и праските.
  11. Се остава да се олади.
  12. Се декорира по желба.

Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me

Мени