Орада во вино

Дек 24, 2018 | Риба

Врвна риба во однос на вкусот и подготовката …

Потребно е:

  • 1 орада (околу 700 гр)
  • 1 лимон
  • сол, по вкус
  • 100 мл маслиново масло
  • 1/2 китка магдонос
  • 250 мл масло
  • 250 мл вино

Подготовка:
За маринадата измешајте ги маслиновото масло, изрнданата кора од лимон, ситно сецканиот магдонос и солта.

Исчистената риба убаво измијте ја и исушете ја со хартија. Засечете ја вертикално на три места. Ставете ја во тавата во која ќе ја печете, прелијте ја со маринадата, со прсти истријте ја убаво и оставете да се маринира околу 2 часа. Вртете ја од време на време.

Пред да ја ставите да се пече, полијте ја рибата со виното. Наредете под рибата и на неа лимон исечен на тркалца.

Ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Должината на печењето зависи од големината на рибата. Рибата е готова кога ќе биде убаво печена одозгора.

Пред да ја сервирате посипете ја со сецкан свеж магдонос или со прелив од маслиново масло, магдонос и сецкан лук.

Служете ја со сварен ориз, компир со блитва или компир салата, по желба.

Предлог за ручек: Печена пастрмка со компири

Предлог за ручек: Печена пастрмка со компири

Предлог што да зготвите за денешниот ручек. Состојки: 2 пастрмки Половина килограм компири Бело вино Маслиново масло Сол, бибер Рузмарин Лимон Три чешниња лук Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете ги и исечкајте ги компирите на помали...

Посна салата со тестенини и туна

Посна салата со тестенини и туна

Потребни состојки: 2 конзерви туна на парчиња 100 g шампињони 100 g несолени печени кикирики 500 g посни тестенини 400 g посен мајонез 5-6 кисели краставички Сол Начин на подготовка: Сварете ги тестенините и во исто време исечкајте ги и запржете ги малку печурките....

Прекрасни кошнички со туна

Прекрасни кошнички со туна

Прекрасни кошнички со туна кои ќе ја збогатат вашата хроно исхрана. Состојки: За тестото: 200 g ‘ржано брашно ½ прашак за пециво; 1 рамна лажичка морска сол; 2 лажички маслиново масло; 140 ml млака вода. За филот: 1 главица кромид; 1 чешле лук; 2 лажици маслиново...

Филети ослич во павлака

Филети ослич во павлака

Интересен начин на подготовка на риба, вкусно и сочно ... Потребно е: 800 гр филети ослич 3 жолчки 400 мл неутрална павлака 1/2 лажиче лук во прав 1 лажиче сецкан свеж магдонос 1 лажиче босилек 1 лимон мелен сув зачин за похување: 3 јајца 200 гр брашно 300 мл масло...