Состојки:
Две чаши пиво
Две чаши брашно
Две лажички лук во прав
Две лажички сол
Лажичка бибер
Лажичка сушен магдонос
3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата)
Околу половина килограми печурки
Подготовка:
Истурете го маслото во тава – треба да биде доволно за печурките да бидат целосно покриени. Во сад измешајте пиво, брашно, лук во прав, сол, бибер и магдонос и добро измешајте за да нема грутки. Измијте ги и исчистете ги печурките, па потопете ги во оваа смеса. Пржете ги во масло додека да добијат крцкава коричка.Кога ќе завршите со пржење, ставете ги во сад, зачинете со сол, измешајте и сервирајте со салата.