Овие грешки ги правите на работа ако јадете на биро, совети кои мора да ги знаете

Јул 24, 2019 | Uncategorized, Совети

Оброците на работното место се една од најголемите причини за внес на премногу калории, а со тоа и создавање вишок килограми.

Преиспитајте ги своите навики за исхрана на работното место, а тоа ќе ви помогне да имате повеќе контрола врз она што го јадете.

Носете своја храна од дома

На овој начин нема да се „товарате“ со сендвичи, печива или пица. Секогаш кога сте во можност, подгответе си храна од дома, но само доколку имате фрижидер на работното место, за да избегнете можност за труење.

Раздвижете се

Воведете кратки паузи на секои 60 минути од работното време. Ако имате доволно време, еднаш до двапати во денот прошетајте на кратка релација околу компанијата.

Пијте доволно вода

Ако не пиете доволно вода, тогаш може да се случи вашиот мозок жедта да ја помеша со глад, па да изедете повеќе храна отколку што ви е потребно. Секогаш имајте свежа вода во шише на бирото.

Одолејте на искушенијата

Автоматите со грицки и десерти, порачувањето пица, тортите за роденден, сето тоа носи со себе и масти и калории. Не треба целосно да се исклучите од тоа, но обидете се да одолеете на непотребните калории во поголем дел од времето.

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

ТОРТА СО ПЛАЗМА ЗА 20 МИНУТИ: Две совршени комбинации кои сите ги сакаат

Во продолжение погледнете како да подготвите плазма колач во неколку едноставни чекори. Постојат многу рецепти со мелени бисквити, но ретко кој е вака автентичен, со вкус кој се памети долго. Плазма колачот се подготвува многу брзо, со оглед на тоа дека на еден фил му...

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

Сос од печурки: Оди со месо и риба, а се прави брзо и лесно

На загреано масло пропржете ситно сечкан кромид, па додајте измиени и исчистени печурки, сол и бибер. Се покрива со топла вода и се динста во покриена тава додека не омекнат печурките. Посебно измешајте ги брашното, павлаката и ситно сечканиот магдонос, па прелијте ги...

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

ВИДЕО: Бурек по рецептот на баба

Наместо сирење, може д Наместо сирење, може да биде со месо – и, навистина, добиваме врвен модифициран бурек, полн со фил. За овој врвен рецепт ќе ви биде потребно: 200 гр сирење; 500 гр потенки готови кори; 100 мл кисела вода; ½ прашок за печиво; 1 лажица кисела...

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Како настануваат дупките во швајцарското сирење?

Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“ Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења… Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња. Марк Џонсон од Центарот...