Ни коронавирус ништо не му може: Зајакнете го имунитетот со овој природен сок

Фев 27, 2020 | Пијалоци (Шејкови)

Исклучително лековито и здраво, цвеклото е идеална намирница за зајакнување на целиот организам, особено за имунитетот и би требало да си го подготвувате во сезоната на вируси, но и на преминот од зима во пролет кога организмот е најслаб.

Цвеклото ги содржи речиси сите минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром. Освен тоа, изобилува со витамините Ц, Б1 Б2 како и витаминот Б12 кој растителните намирници ретко го содржат.

Црвената боја ја дава пигментот антоцијан кој помага во обновувањето на крвта.

Цвеклото главно се јаде како салата, без оглед дали свежо или варено, но нутриционистите се почесто го препорачуваат и лековитиот сок од цвекло кој е одличен за зајакнување на имунитетот, лекување на слабокрвност, регулирање на притисокот, како и спречување на разни воспалителни процеси.

Редовното консумирање на сокот од цвекло го подобрува прочистувањето на црниот дроб, спречува болести на крвните садови, дишните органи и го забрзува метаболизмот. За сокот од цвекло да ви биде повкусен додадете му малку мед и лимон.

  • Како се прави (ако немате соковник)?
  • Еден килограм добро измиено цвекло се лупи.
  • Коренчињата се рендаат на ситно ренде.
  • Ренданото цвекло се процедува низ цедалка или газа.
  • Можете да додадете мед и лимон, а за да го „сокриете“ тешкиот мирис на цвеклото кој децата обично не го сакаат – исцедете рендани јаболки и моркови.

 

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Ќе ви ја згрее душата и ќе ве воодушеви од првата голтка: Кафе ЛАТЕ со тиква

Во мало тенџере на средна топлина загрејте го млекото додека не се загрее, но не и врие. Сварете го кафето и истурете го во шолја, а потоа додадете го пирето од тиква, засладувачот, зачинот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Направете пена со жица за млеко, па...

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер? Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен...

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сакате едно поинакво кафе: Овој рецепт ги воодушеви многумина

Сите состојки Состојки: 1 замрзната банана (исечена на прстени) ½ шолја кафе ½ шолја бариста млеко од растително потекло (или млеко по ваш избор) 1 лажица какао во прав 1 лажица ленено семе ½ чаша ванила или чоколаден протеин во прав 1 лажица путер од јаткасти плодови...

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој...