Најдобриот рецепт за домашни принцес крофни

Јан 23, 2020 | Десерти

Ретко кој може да му одолее на овој француски десерт кој е познат низ целиот свет. Се прави од меко тесто и се полни со фил од ванила, шлаг или сладолед.
Потребни состојки:

За тесто

  • 100 мл. зејтин
  • 200 мл. вода
  • 6 лажици брашно
  • 3 јајца

За фил

  • 200 мл. слатка павлака
  • 3 жолтки
  • 300 мл. млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Во тенџере сипете масло и вода и почекајте смесата да зоврие. Кога ќе биде готова, додајте брашно. Изматете со лажица за матење. Смесата треба да биде густа. Оставете да се излади и подгответе го филот во меѓувреме.
Во тенџере сипете 200 мл. млеко. Во друг сад изматете жолтки, шеќер, ванилин шеќер, брашно и 100 мл млеко. Смесата додајте ја во млекото и гответе како да правите обичен пудинг. Оставете го филот да се излади.
Во изладениот фил додајте ја изматената слатка павлака. Соединете ја смесата.
Во смесата за тесто додајте јајца и матете со миксер. Ставете ја смесата во шприц и направете топчиња. Ставете да се печат на 200 степени. Не отварајте ја рерната додека се печат.
Принцес крофните исечете ги на полoвина и наполнете ги со крем. Преклопете ги со другиот дел и оставете ги да се ладат.
Декорирајте со шеќер во прав.

Извор: kurir.mk

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

Ова е десерт од памтивек кој и денес со задовоство се прави и јаде. Има повеќе рецепти за подоготвка на алва, но оригиналниот рецепт е токму и наједноставниот, онаков каков што го правеле нашите баби и прабаби. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша...

Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

Кога е време за појадок или вечера, понекогаш ни е тешко да подготвиме нешто ново што е вкусно и пред се лесно и брзо се подготвува. Токму такви се овие палачинки без капка млеко, кои ќе ги направите за пет минути. Наместо млеко, се користи вода, а резултатот се...