
Состојки:
- 500 грама морков
- 2 лажици сецкан магдонос
- 2 чешниња лук
- 2 лажици вински оцет
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- Бибер по желба
Подготовка:
- Морковот се лупи и сечка, на долги стапчиња. Се вари 10-15 минути, да омекне.
- Додека се вари морковот на страна се соединуваат состојките за преливот: сечканиот магдонос, сечканиот лук, 2 лажици вински оцет, 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер и бибер по желба.
- Откако ќе се свари морковот, се цеди, врз него се додава преливот и се меша се заедно.
- За подобар вкус оставете ја салатата 2-3 часа да отстои.
Пријатно јадење!
Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me