ЛЕСЕН РОЛАТ СО ШУНКА

Дек 6, 2017 | Предјадење

Еве ви уште еден многу лесен рецепт за подготовка, а истовремено вкусен и одличен за овој период од годината.

Состојки:

– За кората: 2 лажици путер, 5 јајца и 250г брашно,

– За филот: 150г варена шунка, 100г рендан кашкавал или бело тврдо сирење,

– За декорација по желба: павлака, рендано сирење.

Подготовка:

Путерот сматете го заедно со јајцата, сипете го брашното и добро промешајте. Таквата цврста смеса ставете ја во плех, добро израмнете и печете на 180 степени. Кога кората ќе биде полупечена, извадете ја од рерната и на неа распоредете ја исецканата шунка и кашкавал, па повторно вратете ја во рерна. Кога кората ќе биде целосно печена, извадете ја и завиткајте ја во ролат. Прелијте го ролатот со павлака и посипете со рендано сирење, и оставете го во рерната 2-3 минути малку да порумени.

Ролатот се служи и топол и ладен , исечен на парчиња.

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Крцкаво, зачинето и повикува за пиво: Рецепт за совршени печени компири

Зачинетите парчиња компир се опасно добра закуска, без разлика дали се служат со некој сос или како додаток на месо, риба или зеленчук. Својата крцкавост ја должат на лебните трошки, а својата сладост на зачините, кои по желба можете да ги прилагодите по сопствен...

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Одллични за мезе : поховани печурки во пиво

Состојки: Две чаши пиво Две чаши брашно Две лажички лук во прав Две лажички сол Лажичка бибер Лажичка сушен магдонос 3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата) Околу половина килограми печурки Подготовка: Истурете го маслото во тава – треба да биде...

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

Рецепти за лазања на кои не можете да им одолеете

естенините се омилено јадење за многумина од нас, а комбинации има безброј. Лазањата е посебно уживање, а може да ја направите со многу видови сосови. Она што е најважно за добра лазања е начинот на кој ја редите, па инспирирајте се од овие рецепти на Tasty на кои...

Полнети шампињони

Полнети шампињони

Состојки: 500 г шампињони Сол, бибер 2 лажички сушен или свеж босилек 50 г шунка 1 кромид Масло 2 лажици павлака 30 г кашкавал Приготвување: Измијте ги шампињоните и исчистете ги така за да има доволно место да се наполнат со смесата што ќе ја приготвите Исечете ги...