Состојки:
- 30 мл еспресо
- 1 лажичка шеќер
- 100 мл млеко
- 2-3 коцки кршен мраз
- 2 топки сладолед од ванила
Подготовка:
Кафето и шеќерот ставете ги во еден сад и мешајте ги додека шеќерот не се стопи убаво.
Во садот додадете го и млекото и повторно убаво промешајте.
Кршениот мраз и сладоледот сипете ги во една висока стаклена чаша и полијте ги со кафето.
По вкус можете да додадете прелив од карамела.