КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И СО СЛАТКА ПАВЛАКА

by | Дек 29, 2017 | Десерти

Состојки:

За тестото:

250 гр брашно
120 гр путер или маргарин
2 јајца
70 гр мелени ореви
кора од1 лимон
За филот:

1 кг кисели јаболка
120 гр шеќер
4 лажици рум
1 ванилин шеќер
125 гр слатка павлака

Приготвување:

– Измијте ги јаболките, излупете ги и исечкајте ги ситно.

– Поросете ги со шеќер, додадете рум и продинстајте ги додека не омекнат, па оставете ги да се ладат.

– Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои.

– Ставете го потоа тестото во подмачкано тавче и развлечете го до дебелина од два сантиметри.

– Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Испеченото тесто премачкајте го со подготвениот фил и вратете го тавчето во рерна да се запече 10-тина минути.

– Изматете слатка павлака и ставете ја врз готовиот колач.

Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Рецепт за полнети печени патлиџани кои ќе ве одушеват со неверојатниот вкус
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата
Recepti.mk
Recepti.mk4 weeks ago
Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва