Состојки:
- 4 јајца
- 450 гр. тиква
- 350 гр. шеќер
- 200 мл. масло
- 420 гр. брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 2 лажички цимет
- 1 лажичка сол
Прелив:
- 200 гр. крем сирење
- 100 гр. маргарин
- 400 гр. шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
Приготвување:
Исчистете ја тиквата од семките и кората и сварете ја во ренџере со вода на среден оган, околу 30 минути, додека да омекне.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, маслото и исецканата сварена тиква. Додадете ги една по едн алажица брашното, циметот и прашокот за пециво и продолжете со матење.
Истурете го тестото во тавче обложено со хартија за печење и печете го во загреана рерна 30 минути. Оставете го колачот да се излади пред да го исечете на коцки.
Изматете ги кремсирењето и маргаринот додека да добиете кремаста смеса. Додадете го шеќерот и ванилата и матете додека да се изедначи смесата.
Намачкајте ги колачите од тиква со приготвениот прелив и послужете ги.