Колач со мед и круши

Ное 13, 2018 | Десерти

Потребно е:

  • 3 големи тврди круши
  • 1/4 чаша (1 чаша = 200 мл) путер
  • 1/4 чаша мед

за тестото:

  • 1/2 чаша путер (на собна температура)
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 1/2 чаша мед
  • 1/3 чаша кафеав шеќер
  • 2 лажичиња прашок за пециво
  • 2 лажичиња екстракт од ванила
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче мелен кардамон
  • 1/2 лажиче рендано морско оревче
  • 2 јајца
  • 2 чаши брашно
  • 3/4 чаша јогурт
  • 1/2 чаша сецкано ореви или бадеми
  • горгонзола сирење

Подготовка:
Крушите убаво измијте ги и исечете ги по долчина на тенки парчиња.

Растопете го путерот на тивко со постојано мешање, тргнете го од рингла и додадете го медот. Постојано мешајте додека да се добие хомогена смеса.

Смесата сипете ја во калап за торта и израмнете. Одозгора наредете ги парчињата круши во круг, така што подебелиот дел да биде кон работ на калапот, а потенкиот кон средината. Повторете ги редовите додека ги потрошите сите круши.. Во еден сад изматете го путерот со маслото, медот, шеќерот, прашокот за пециво, екстрактот од ванила, сол, кардамон и морско оревче. Додадете ги едно по едно јајцата со постојано матење, а потоа и 1 чаша брашно, јогуртот, па втората чаша брашно.На крај додадете ги оревите и измешајте. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот над крушките.Ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 40 минути. Печениот колач оставете го да се излади во калапот 30-тина минути. Потоа извадете го и превртете го на чинија од опачината.. Сервирајте го со исечени парчиња горгонзола сирење.

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Три рецепти за здравo и густo веганско топлo чоколадo

Ретко кој може да и одол Ретко кој може да и одолее на чоколадото,особено на омилениот пијалок,топлото чоколадо,кое толку убаво грее и теши кога надвор е студено и темно. Штом зимата тропне на врата и температурите нагло паднат,се отвора апетитот за мрсна и слатка...

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Неодоливо вкусни, се топат во устата

Растопете го путерот. Изматете ги јајцата во сад, додадете шеќер, сол, путер и пирето од тиква. Изматете ја смесата со миксер. Измешајте брашно со прашок за пециво и додадете млеко. Ако смесата е премногу тенка или густа, по потреба можете да додадете уште малку...

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА АЛВА

Ова е десерт од памтивек кој и денес со задовоство се прави и јаде. Има повеќе рецепти за подоготвка на алва, но оригиналниот рецепт е токму и наједноставниот, онаков каков што го правеле нашите баби и прабаби. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се користи чаша...

Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

Највоздушестите палачинки: Се прават брзо и лесно, а може да останат во фрижидер до 4 дена

Кога е време за појадок или вечера, понекогаш ни е тешко да подготвиме нешто ново што е вкусно и пред се лесно и брзо се подготвува. Токму такви се овие палачинки без капка млеко, кои ќе ги направите за пет минути. Наместо млеко, се користи вода, а резултатот се...