
Состојки:
- 5 јајца
- 120 гр. шеќер
- 200 мл. јогурт
- 100 мл.масло
- 200 гр. брашно
- 150 гр. гриз
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 ќесичка пециво
- 400 гр. вишни
- За посипување шеќер во прав
Подготовка:
Се двојат жолчките од белките.
Белките се матат во цврст снег.
Во друг сад ги матиме жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер се додава јогуртот и маслото и повторно матиме со миксер.
Брашното, гризот и прашакот за пециво ги мешаме , а потоа ги додаваме во жолчките, шеќерот, јогуртот и маслото, повторно матиме со миксер.
Откако ке бидат сите состојки соединети ги додаваме изматените белки и рачно мешаме.
Тавчето за печење се обложува со хартија за печење, смесата ја налеваме и одозгора ги редиме вишните.
Колачот се пече на 180 С околу 40 минути.
Откако ке се олади се посипува со шеќер во прав.
Пријатно јадење!