Како да го прочистите организмот од масната храна

Овие намирници ќе ви помогнат прочистување на организмот од масната храна:

Чиа семе

Само две лажички потопени во јогурт или во вода ќе ви помогнат да му обезбедите на телото доволно растителни влакна кои ќе влијаат врз варењето, а антиоксидансите ќе помогнат да се ослободите од отровите.

Супа од коска

Било да сте готвеле пилешко или телешко, од водата во која се варело можете да подготвите супа која е богата со електролити, но и со други нутритивни состојки кои веднаш ќе ја подобрат ситуацијата во вашиот организам.

Сок од алое вера

Сокот од алое е одличен за чистење на цревата, а и го подобрува варењето. Можете да го купите во аптека, го има од повеќе производители.

Чај од корен од глуварче

Овој чај ја намалува подуеноста во дигестивниот систем, а со редовно пиење го забрзува метаболизмот, а со тоа и слабеењето.

Јатки

Јатките ќе ви помогнат да се ослободите од подуеноста, а и решаваат повеќе проблеми со чувствителниот дигестивен систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мени