Знаете ли кое е традиционалното јадење на Грузија? – Пробајте го рецептов и нема да зажалите

Ова е традиционално грузиско јадење кое може да се јаде и следниот ден. Освен тоа, сега е сезоната на доматите и штета е да не се искористи. Што се однесува до вкусот, грузиската кујна е многу слична на нашата.

Ако јадеме полнети пиперки, зошто не би пробале и домати?

Она што го прави ова јадење посебно е зачинот наречен грчка детелина, кој му дава на доматот вкус сличен на кари.

Потребно е:

  • 8 големи цврсти домати
  • Маслиново или сончогледово масло
  • 1 среден кромид, ситно исечкан
  • ½ лажиче сушена грчка детелина
  • ½ лажиче мелен коријандер
  • ½ лажиче црвен пипер или буковец
  • ½ лажиче црвен пипер или буковец
  • ½ чаша вода, или по потреба
  • 400 – 500 г сечкани печурки (одберете какви што сакате)
  • Сол и бибер, по вкус
  • 1 чаша варен ориз
  • 3 лажици сечкан магданос
  • 2 лажици сечкан копар
  • 120 г моцарела, исечена да послужи како „капаче“ за доматите

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Издлабете ги доматите: прво отсечете го горниот дел, а потоа со мало ноже исчистете ја внатрешноста.
Остатоците од горниот дел од доматот ситно исечкајте ги како и внатрешноста. Сочувајте ги.
За сосот: ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура.

Ставете го сечканиот кромид да се пропржи додека да омекне. Додадете грчка детелина, коријандер и црвен пипер и мешајте 1-2 минути.
Додадете ги остатоците од доматот и ½ чаша вода. Нека зоврие. Зависно од тоа колку сок имале доматите може да ви треба повеќе или помалку вода. Сосот треба да згусне.
За полнењето: Ставете две лажици масло во голема тава и загрејте на средна температура. Додадете ги печурките и зачинете со сол и бибер. Динстајте ги додека да испари течноста што ќе ја пуштат и додека не станат кафени. При крај на готвењето додадете лук и промешајте. Оваа мешавина ставете ја во длабок сад. Тука додадете го варениот ориз, магданосот и копарот. Зачинете со сол и бибер ако е потребно.

Доматите наредете ги во длабока тава за печење откако претходно сте го посипале сосот. Доматите убаво наполнете ги, а одозгора ставете парчиња моцарела.

Печете 30-40 минути или додека сирењето не почне да потемнува. Послужете топло. Она што ќе остане, ако остане, може да се јаде и следниот ден.

Мени