Здраво и вкусно: Пилешко филе со киноа

Пробајте го овој рецепт за пилешко со пилав од киноа.

Состојки:

  • Две лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 300 гр. киноа
  • 150 гр. спанаќ
  • 700 гр. пилешко месо исечено на 8 парчиња

Начин на подготовка:
Потопете ја киноата во 400 мл вода и оставете ја да отстои околу 10 минути.
Ставете маслиново масло на тава, додајте лук и динстајте околу 2 минути. Исцедете ја киноата, ставете ја во тенџере и додајте уште 400 мл вода. Откако ќе зоврие, варете ја околу 20 минути додека да ја впие течноста. Додајте и спанаќ.
Додека да се свари киноата, загрејте масло во поголемо тавче, посолете го месото по вкус и печете додека да добие златеста боја. Сервирајте го месото со киноа и спанаќ.

Мени