Слатките не мора секогаш да бидат нездрави и полни со шеќер и брашно. Од неколку состојки можете да направите хранливи енергетски бомбици, а потребни се само пет минути.
Една од главните состојки се урмите, кои се многу здрави и пожелни во исхраната.
Состојки:
- 200 грама урми
- 50 грама бадеми, ореви или други јаткасти плодови
- 20 грама суво овошје (боровинки, суво грозје)
- една лажица кокосово масло
- 50 грама сечкани ореви за декорација
- неколку лажици вода по потреба
Подготовка:
Во повеќенаменски процесор за храна ставете урми, 50 грама јаткасти плодови, 50 грама суво овошје и една лажица кокосово масло. Откако состојките иситнат и соединат, формирајте топчиња. Ако смесата е густа, додадете неколку лажици вода.
Откако ќе ги формирате топчињата, валкајте ги бомбиците во исецканите ореви. Можете да користите и комбинација од сецкани бадеми, ф’стаци и ореви. Можете да користите кокос, сусам или какао во прав.