Запишете го овој рецепт: Супа која ќе ви делува како антибиотик

Антибиотик супа идеална во зимските студени денови.
Потребни состојки:

  • 1 главица лук
  • 1 главица кромид
  • 1-2 коцки за супа
  • вода по потреба
  • 1 лажица брашно
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл кисела павлака
  • сол
  • маслиново масло
  • 3 парчиња тост леб

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете коцка супа во вода, направете бујон.

Исечкајте ситно кромид, па испржете со маслиново масло. Изгмечете лук. Пропржете го со кромидот, па додајте брашно. Додајте бело вино, а потоа ставете и бујон.
Гответе 15-20 минути, потоа иситнете го зеленчукот со мискер. Додајте павлака, па посолете и побиберете. Потоа додајте коцки леб во супата и послужете.

Мени