Жолта диета – Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена

Сончевата или жолта диета е идеална за кога ќе пристигнат топлите, сончеви денови, а летото се чувствува во воздухот.

Се работи за една интересна диета со која може лесно да ослабете без да гладувате и без премногу да се трудите.

Тајната е во намирниците со жолта боја.

Општи правила

Жолтата диета не би требало да трае повеќе од 8 дена.

Ако правилно ја следите, може да изгубите и до 4 килограми.

Основно правило е да јадете само производи со жолта боја. Секако, свежи.

Покрај тоа, потребно е правилото за жолти намирници да го ускладите со уште едно – секој ден мора да јадете барем 4 различни плодови и тоа во еднакви количини.

Дневно можете да изедете и до половина килограм жолта храна.

 

 

Одлична препорака за утрински оброк се жолтите шејкови од овошје, преку кои ќе ги внесете неопходните витамини и минерали.

Во текот на сончевата диета може да пиете колку сакате вода и жолти сокови и чаеви, секако без шеќер.

Дозволена храна: банани, ананас, кајсии, диња, лимон, тиква, жолти јаболка, круши, тврди сирења и кашкавали… и сè останато што има жолта боја, а е овошје или зеленчук.

Пример дневно мени:

Појадок: 2 банани и шолја чај од камилица (може да ги изматите и во блендер, па да ги испиете како шејк)

Ручек: 150g тврд кашкавал и чинија жолта боранија

Вечера: Овошна салата од 2 жолти јаболка, крушка и ананас.

Напомена:

Доколку сакате максимални резултати, како и кај секоја диета, така и кај оваа треба да вклучите физички активности и многу течности. Кратките секојдневни прошетки се исто така добредојдени.

Сончевата диета може да биде комплицирана за трудниците и луѓето со хронични болести, затоа не се препорачува.

Задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете да ја држите.

 

Мени