Воздушести, меки и неодоливи: Мини палачинки со сирење готови за час (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

Авг 3, 2022 | Пити и тесто

Ако немате идеја што да подготвите наутро – ви претставуваме брз рецепт на кој нема да можете да му одолеете

Во палачинките уживаат сите генерации, а на високи температури тешко е да се застане покрај врел шпорет и да се пржи. Затоа ви претставуваме рецепт за мини палачинки кои се прават многу побрзо. Подеднакво се вкусни и во солена и во слатка варијанта.

Состојки:

  • 500 гр свежо сирење
  • 2 јајца
  • 1 лажица шеќер
  • 3 лажици брашно (или гриз)
  • прстофат сол
  • масло

Подготовка:

Сите состојки убаво измешајте ги додека не добиете хомогена маса. На чиста работна површина посипете малку брашно. Обликувајте подебели палачинки.

Загрејте го маслото во тава на средно висока температура, па пржете ги од двете страни. Послужете ги со павлака, кајмак, џем…

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Без кори, ги мешате сите состојки и ја ставате во плех: Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки....

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Без квасец и јајца, готови за 15 минути: Рецепт за домашни КРОФНИ кои се топат во устата

Ако размислувате со што да се почестите по напорен ден на работа, имаме идеја. Овие домашни крофни имаат вкус исто како оние од пекарницата, а одличната работа е што можете да ги направите дома за само 15 минути. Една мерка ќе направи 35 крофни, па размислете веднаш...

ХИТ БРЗА ПИТА БЕЗ БРАШНО: Идеално за доручек или за вечера

ХИТ БРЗА ПИТА БЕЗ БРАШНО: Идеално за доручек или за вечера

Состојки: 120 гр мелена овесна каша 2 јајца 150 гр ситно сирење 1 лажичка маслиново масло половина прашок за пециво Хималајска сол 200 мл јогурт 2 грста сецкан беби спанаќ Подготовка: Измешајте ги сите состојки, истурете ги во плех обложен со хартија за печење,...

Топли и вкусни пирошки со месо за совршен почеток на денот

Топли и вкусни пирошки со месо за совршен почеток на денот

Со доаѓањето на студените денови се менува и кујната, па еве идеја да подготвите нешто вкусно што ќе ви ги стопли и душата и телото. Меки пирошки совршени за појадок и почеток на денот. Може да ги полните со фил по ваша желба, а денешната идеја е да се полнети со...