Брз ЛЕТЕН ручек: Ако сакате витка линија, оваа храна е идеална за вас!

Состојки:

  • брокула – 100 гр
  • кисело млеко
  • сол – по вкус
  • лук – четири парчиња

Прелив:

маслиново масло – две лажици
пиперка – една кафена лажичка, рамна

Подготовка:

Исечете ја брокулата на мали цветчиња и бланширајте во топла солена вода 4-5 минути. Добро исцедете ја и ставете ја на чинија.
Во киселото млеко додајте ги сомелени чешнињата лук, посолете по вкус и измешајте.
Прелијте врз брокулата во чинијата. Во мала тава загрејте го маслиновото масло и пропржете го пиперот, а по желба можете да додадете и прстофат лута пиперка.
Одозгора прелијте го киселото млеко и послужете веднаш.
Брза, вкусна и лесна вечера или ручек, за домаќинки кои работат, без да бројат калории и да се грижат за својата фигура.

Мени