Брзо се подготвува, а ќе ви стане омилен: Превкусен куглов со костени

Овој колач брзо се подготвува, а е неверојатно вкусен и ароматичен.

Потребно е:

  • 125 г путер
  • 150 г шеќер
  • 3 јајца
  • 200 г брашно
  • 50 г мелени бадеми
  • 200 мл млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 200 г костени
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче цимет
  • 50 г сецкано чоколадо

За украсување:

100 г чоколадо за готвење
2 лажици слатка павлака

Подготовка:

Костените сварете ги, исчитете им ја внатрешноста и испасирајте ги.

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

Млекото измешајте го со пирето од костени и на крај додадете ја слатката павлака.

Пенесто изматете го путерот со шеќерот и постепено додавајте едно по едно јаце со постојано матење. Потоа во оваа смеса додадете ги сите суви состојки, а потоа и мешавината со млеко и пире од костени и измешајте со лажица. Калапот за куглов намастете го убаво со путер и посипете го со малку брашно. Сипете ја горната смеса во калапот одозгора посипете ја со сецкано чоколадо.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути, но најдобро е по 40 минути да проверите со чепкалка за заби дали е печен.

Готовиот куглов полијте го со растопено чоколадо со две лажици слатка павлака во него и по желба да го посипете со крупен шеќер.

Мени