Брзо и вкусно: Медитеранска салата со пилешко

Доколку сте љубители на оброк салати, ќе ви се допадне овој рецепт.

Состојки:

  • 500 гр пилешки стек
  • Лажичка мелен коријандер
  • Лажичка сушено оригано
  • Сол и бибер
  • 5 лажици маслиново масло
  • 4 лажици балсамико
  • Магдонос
  • Марула
  • 3 краставици
  • Авокадо
  • Маслинки
  • Шери домати

Начин на подготовка:
Пилешкото месо посолете го со коријандер, оригано, сол и бибер и испечете го на скара. Откако ќе се излади исечете го на ленти.
Подгответе го преливот за салатата така што ќе измешате маслиново масло, балсамико, магдонос и посолете.
Измијте и исечкајте ја марулата. Исечканите краставици, шери домати, авокадо и маслинки ставете ги во марулата, додајте го и пилешкото месо и прелијте со сосот. По желба може да додадете и брускети.

Мени