БРЗА ВЕЧЕРА КОЈА ЈА САКААТ СИТЕ: Подгответе шпагети со лук

Апр 3, 2024 | Брза храна

Лукот му дава на јадењето феноменален вкус, затоа направете незаборавни шпагети за кратко време.

Состојки:

* 250 гр шпагети
* 100 мл крем за готвење
* 1 литар вода
* 8 чешниња лук
* 3 лажици маслиново масло
* сол, бибер
* 100 гр рендан пармезан
* малку свеж магдонос

Подготовка:

Во тавата се прелива маслиново масло и се додава сечканиот лук. Се пржат на тивок оган додека не омекне лукот (не смее да порумени).

Потоа додадете го кремот за готвење, солта и биберот и често мешајте додека смесата не стане густа.

Во тенџерето се прелива вода, се посолува и додава една лажица масло. Кога ќе зоврие додадете ги шпагетите и сварете ги.

Готовите тестенини послужете ги на чинии, прелијте ги со сосот, посипете со рендан пармезан и украсете со магдонос.

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Готови за час, а одлична и вкусна закуска за пред тренинг!

Во сад ставете протеин по вкус, овесна каша, путер од кикирики и ситно сечкани чоколадни парченца. Мешајте ја смесата додека не стане хомогена, а по потреба додадете една лажица вода или млеко. Можете да декорирате со кокосови трошки или со нешто друго по желба....

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Ви треба: 700 мл млеко 50 до 70 гр путер 50 гр брашно сол и бибер по вкус морско оревче Подготовка: Растопете го путерот на тивок оган, па кога ќе почне да крчка, додадете го брашното и почнете да мешате со жица за да не се формираат грутчиња. Пропржете го брашното...

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Домашен сладолед готов за миг: Рецепт без млеко и шеќер од само 2 состојки

Како се прави најздравиот и највкусниот домашен сладолед? Веганската кујна ни дарувала многу драгоцени рецепти, благодарение на кои вообичаените слатки може да ги замениме со здрави и еднакви вкусни алтернативи. Еден од таквите рецепти за домашен, чоколаден сладолед...

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Сите сакаме да го јадеме, а знаеме дека е калоричен: Има една тајна за да направите здрав и вкусен помфрит

Помфритот е идеален додаток за хамбургери или друго месо на скара. Сепак, многу луѓе го јадат и како главно јадење, со малку салата. Но, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е меѓу намирниците кои воопшто не се најздравиот...