Божиќни десерти според рецептите на нашите баби: Од пити со ореви до штрудли, кифлички, медењаци…

Штрудла со мак (афион)

Состојки:

За тесто:

  • 400гр пченично брашно (бело), ​​
  • 60гр шеќер
  • 2 жолчки
  • 1кора од лимон
  • 80гр путер
  • 20гр свеж квасец

За фил:

  • 2,5 дл млекo
  • 1 кора од лимон
  • цимет
  • 20гр суво грозје
  • 100гр шеќер
  • 1 јајце
  • 300гр мелен афион

Подготовка:

Замесете тесто од брашно, малку сол, свеж квасец, млако млеко, шеќер, јајца, рендана кора од лимон и стопен путер. Замесете го тестото така што лесно ќе се одделува од садот и се формираат меурчиња. Покријте го тестото, ставете на топло место да стаса 1 час.

Внимателно поделете го тестото на два дела и не месете повеќе, туку расукајте го тенко и премачкајте го со фил и завиткајте го во форма леб, ставете ги двете ролни на хартија во плех за печење и оставете го да стаса уште половина час.

За филот, прелијте го мелениот афион со зовриено млеко и кога ќе се олади целосно, додадете ги другите состојки. Премачкајте со јајце пред печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Неколку совети за подготовка на овие два колачи:

Жолчките (или цели јајца) што се додаваат во тестото не треба да бидат ладни, туку треба да се остават на собна температура за да се загреат.

Можете да користите и сув и свеж квасец, но кога користите сув, оставете го да нарасне како кај свежиот.

За време на печењето, ставете метална тава со топла вода на дното од рерната бидејќи пареата помага тестото подобро да се крене и тортата да стане покршлива.

Мени