Бадемки со џем од вишни

 Состојки

200 гр бадеми 
100 гр брашно од хелда
50 гр Путер
1јајце + 1 белка Јајца
1/2 лажичка Прашок за пециво
5 супени лачички Стевија засладувач
еден прстофат хималајска сол
џем од вишни

 

 Инструкции :

Во далбок сад ги додаваме сувите состојки ( брашното, ситно мелените и печени бадеми, солта и прашокот за пециво) . На пареа го растопуваме полека путерот и додаваме пет лажички Стевија засладувач. Во друг сад рачно го матиме едното јајце и го додаваме во садот со путерот а потоа ги додаваме и останатите суви состојки и сето тоа убаво со дрвена лажица го соединуваме да добиеме цврсто тесто. Тестото го ставаме во проѕирна фолија и го носиме во фрижидер да се одмори 30 мин.

После 30 мин тестото се вади од фрижидерот и се прават топчиња во форма како еден орев од прилика да тежат 15 гр. Од оваа смеса ќе ви излезат околу 25-30 топчиња. Убаво се редат на плех на кој сте ставиле хартија за печење

Во друг сад убаво рачно ја матите белката од јајцето и секое топче го увалувате во белка а потоа во крупно мелените и печени бадеми и повторно секое топче го враќате во плехот.

Со палецот на секое топче му правите мала вдлабнатинка која ја полните со џемот од вишни. Наредените на плех бадемки ги ставате во загреана претходно рерна на 165 степени целзусови да се печат 12 мин. Откакао ке се испечат се вадат од рерната и веднаш се тргат од плехот за бадемите да не изгорат. Се сервираат за дегустација. Добар апетит!

Мени