БАВАРСКО ПЕЦИВО

Состојки:

  • 800гр брашно
  • 200мл млеко
  • 200мл вода
  • 50мл масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 коцка свеж квасец

За варење

  • 2 литра вода
  • 5 лажици сода бикарбона

Подготовка:

  1. Се замесува тесто од наведените состојки.
  2. Тестото се меси околу 15 минути.
  3. Измесеното тесто се остава да стаса околу 40 минути.
  4. Стасаното тесто се дели на парчиња во зависност од тоа каква форма и големина сакате да направите.
  5. Формираните пецива се варат околу 15 секунди во 2 л. зовриена вода во која е ставено 5 лажици сода бикарбона.
  6. Откако ќе се сварат се редат на тавче обложено со хартија за печење. Сварените пецива, пред да се печат се засекуваат на неколку места.
  7. Се печат на 180С, околу 30 минути.
  8. Испеченото пециво се премачкува со малку масло.

Пријатно јадење!

Слични рецепти и на профилот на Kitchen4.Me

Мени