Извонредни совети за љубителите на пица и на здрава исхрана

Се трудите да се храните здраво. Мислите дека пицата не спаѓа во таа категорија? Размислете уште еднаш! Иако луѓето обично мислат дека пицата дебелее, тоа не мора да биде баш така. Ако ја приготвите или ја нарачате на вистинскиот начин, пицата може да биде многу хранлив, вкусен и нискокалоричен оброк.

Самите пригответе пица

За почеток направете или купете интегрално тесто од целовити зрна. Во него има повеќе влакна, витамини, минерали и антиоксиданси отколку во тестото од рафинирано брашно. Бидете креативни со тестото.
Наместо полномасен, користете кашкавал со помалку маснотии. Самите направете сос и не користете премногу шеќер или сол. Додадете свежи билки, босилек и оригано и мелен црвен пипер.

Не штедете на зеленчук. Бидете креативни со помош на рукола, спанаќ, тиквички, артичоки, чили пиперчиња, репка, рен или што и да ви текне друго. Не постојат граници. Колку повеќе зеленчук, толку повеќе влакна и вкусови.

Нарачајте пица

Нарачајте пица со тенко тесто, а ако во понудата имаат интегрално, уште подобро. Во тенкото тесто има помалку калории, а житарките ќе обезбедат витамини и минерали како и диетални влакна што помагаат при слабеењето  заради чувството на ситост.

Барајте пица со помалку кашкавал. Повеќето пицерии не употребуваат кашкавал со помалку маснотии, па со помалку кашкавал на нарачаната пица ќе добиете и помалку калории и заситени масти. Распрашајте се дали во понудата има вегетаријанска пица. Избегнувајте протеински пици со висок удел на маснотии што се наоѓаат во колбасите, фефероните и сланината.

Изберете пица со црвен сос зашто има пониско ниво маснотии и калории и е полн со ликопени, силни антиоксиданси што можат да помогнат да се намали ризикот од рак и срцеви болести.

Италијански шеф откри: Вака правилно се јаде пица

Постои начин на јадење пица за кој италијанскиот шеф Стефано Цирен вели дека единствен вистински начин на консумирање. Вели дека се ретки тие кој јадат така.

Дали можете да верувате дека дека воопшто може да се говори за некакво си правилно јадење пица?

Италијанците ова јадење го подготвуваат често, со многу внимание.

Шефот Стефано Цирен вели дека единствен правилен начин е да се преклопи еднаш, па уште еднаш и да се јаде како сендвич.

-Треба да ги стисните аглите на пицата, левата и десната страна треба да бакнат. Пицата мора да биде мек, никако крцкава. Тоа е улична храна која се јаде во движење. На тој начин ја јадат луѓето во Неапол, објаснува за Дејли мејл.

 

Градот во кој се прави најубавата пица на светот не е италијански- ова се ТОП 5 места

Некогаш јадењето за сиромашни, превкусната пица, е едно од омилените јадења во светот. Иако Италија е домот на пицата, интересно е дека денес само во два града во Италија се прави најубавата пица на светот. Уште поинтересено е дека ниту еден од тие два града, не е на прво место.

5.Мелбурн

Австралија е земја со најголема италијанско-австралијска популација. Тоа значи дека совршената пица просто тече низ вените на едните и другите. Некои од најубавите пици на светот се наоѓаат во Мелбурн каде што се пицериите „Омбра“ и „Гради“.

4. Рим

Вечниот град исто така е во првите пет града во светот каде што се прават најубавите пици во светот. Пица-лебот кој доаѓа право од фурна се сервира на парче. Ако се шетате по преубавиот Рим, мора да направите две паузи, во пицеријата „Пицариум“ и во „Ема“.

3. Њујорк

Пица за еден долар може да купите на секој агол. Добрите познавачи сметаат дека ако сте во Њујорк пица мора да јадете во ресторанот „Грималдис пица“ или во „Робертас“.

2. Неапол

Тука се почнало. Тука е родена пицата. Мн0гумина се шегуваат дека Везув не исфрлил само лава, туку и пица. Неапол ги усоврши трите бои на италијанското знаме, зелена (босилек), бела (моцарела) и црвена (домат). Ако сте во Неапол, едноставно не смеете да заминете од градот без да ја посетите пицеријата „Ла Нотица“.

1.Чикаго

Иако многумина се скептични околу потеклото на пицата од Чикаго и сметаат дека овој град не заслужува да се најде пред Неапол, мора да се истакне дека пицеријата „Пицано“ правела „чикаго“ пица уште од 1943 година. Пицата со дебело тесто го ставија овој град на мапата, а новите ресторани дури прават и пита-пици. „Спаца Наполи“ ги има сите пици кои ќе ги посакате: дебели, неаполски, во облик на пита…на сите можни начини кои може да ги замислите.