Летна салата за слабеење

Летото е идеално годишно доба за слабеење. Во текот на летото има голем број на зеленчуци кои се нудат на пазарот, па затоа сега е вистинско време да го искористите ова богатство од намирници.
Доколку сакате да изгубите неколку килограми, а притоа здраво да се храните и да не гладувате, испробајте ја оваа одлична летна салата.

 

Потребни состојки:

  • 50 гр. киноа
  • 1 парче пилешки гради
  • 3 средни моркови
  • неколку поголеми листови кељ
  • неколку поголеми листови свежа зелка
  • 1 свежа пиперка
  • 4 лажички маслиново масло
  • 4 лажички оцет
  • 1 лажичка сенф
  • сол и бибер
  • шака пињоли или исецкани јаткасти плодови (ореви, лешници или бадеми)

Подготовка:

  • Киноата припремете ја според упатството, оставете ја да се излади и ставете ја во чинија во која ќе ја припремате салатата.
  • Парчето пилешки гради исецкајте го на парчиња и подгответе го на маслиново масло, на тивок оган. Кога ќе биде готово, додадете го во киноата.
  • На преостанатото масло, кратко пропржете ги морковите исецкани на тенки листови.
  • Исецкајте го кељот, зелката и свежата пиперка и додадете ги во останатите намирници.
  • Подгответе дресинг за салатата од масло, оцет, сенф, бибер и сол. Додадете ги кратко пропржените пињоли или шака исецкани јаткасти плодови, прелијте ја салатата и добро промешајте.

Совет: Месото можете да го замените со риба – добар избор се туната или лососот. Наместо киноа, можете да користите кус-кус.
Во салатата можете да додадете домати, свежа краставица, тиквичка, брокула или било кој друг сезонски зеленчук по избор.