Благи џепчиња полнети со 4 филови кои не може да не ви се погодат

За деновите кога немате идеја што благо да направите или ќе ви се најават неочекувани гости, овој рецепт ќе ве спаси во последен момент.

Се подготвуваат лесно со 2 готови теста, а се полнат со 4 различни филови, кои даваат посебен вкус. Тестото се дели на 8 еднакви дела и на секое парче се реди од филовите и се преклопува со другото тесто.

Овие благи лиснати џепчиња ќе ви станат омилен десерт, а откако ќе ги пробате сите филови, можете да продолжите да ги правите со омилениот, или да смислите нов.

Набавете ги потребните намирници и фатете се за работа во кујна, а потоа уживајте во слаткиот вкус и мирис.

Потребни состојки

За тесто:

  • 2 готови смрзнати теста за печиво
  • 30 g брашно

За фил со јагоди:

  • ¼ шолја омекнато крем сирење
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 4 јагоди, исечкани

За фил со шумско овошје:

  • 1/3 шолја малини
  • 1/3 шолја капини
  • 1 лажица шеќер
  • ½ лажица сок од лимон
  • ½ лажичка кора од лимон

За фил со чоколадо и банана:

  • ¼ шолја (75g) чоколаден крем
  • 1 банана, сечкана

За филм со јаболка:

  • ½ лажица јаболко, сечкано
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1/8 лажичка цимет

За премачкување со јајца:

  • 1 јајце изматено со 1 лажица вода или млеко

За глазура:

  • 1 шолја шеќер во прав
  • 1 лажица млеко
  • ¼ лажица екстракт од ванила

Добар апетит.

Лесна и неодолива баунти торта

Оние кои уживаат во спојот на чоколадо и кокос нема воопшто да се двоумат за вкусот на оваа торта.

Неодоливата комбинација на темно чоколадо и кокос ќе ве освои веднаш, а лесниот начин на подготовка ќе ве натера веднаш да влезете во кујна.

За оваа баунти торта се потребни неколку состојки и не бара многу вештини, па тешко дека нема да ви се погоди.

Тортата која ќе ви стане омилен рецепт на вас и вашите најблиски:

Потребни состојки:

За тесто:

  • 9 белки + прстофат сол
  • 300g шеќер
  • 210g кокосово брашно

За фил:

  • 300g темно чоколадо
  • 120g шеќер
  • 9 жолчки
  • 300g маскарпоне (пожелно наместо путер)
  • Малку рум по желба

Начин на подготовка:

Во сад матете ги белките со малку сол и постепено додавајте го шеќерот. Потоа додадете го кокосовото брашно и нежно промешајте. Во плех за печење на масна хартија истурете ја смесата. Ставете да се пече на 130˚С додека не стане сува, но внимавајте да остане светла.

За филот, на пареа матете жолчки заедно со шеќерпт и румот, а кога смесата ќе се згусне и ќе добие светла боја, додадете го сечканото чоколадо и тргнете од оган.

Оставете неколку минути топлината од филот да го стопи чоколадото, па потоа промешајте. Кога ќе се излади филот додадете го маскарпонето или путерот.

Тестото исечете го на 3 кори кои ќе ги редите една врз друга, а измеѓу мачкајте од филот.

 

 

 

Лесен чоколаден рум колач

Доколку го сакате вкусот на чоколада и рум, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој домашен колач со богата арома.

За да подготвите домашни рум пунч коцки, потребни се следниве состојки:

  • 250 грама путер
  • 6 јајца
  • 300 грама шеќер
  • 200 грама брашно
  • едно пакување прашок за пециво
  • 40 грама какао
  • 20-30 милилитри рум
  • 3 лажици џем или мармалад по избор
  • 4 редови чоколадо за готвење и една лажица масло (за глазура)

Подготовка:

Се одделуваат жолчките од белките од јајцата. Белките се матат убаво. Потоа се матат шеќерот и путерот и им се додава една по една жолчка. Потоа додавате брашно, постепено, прашокот за пециво и на крајот лажица по лажица, снегот од белки.

Ја мешате смесата и ставате да се пече во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се излади, пресечете го пандишпанот на два дела. Горниот дел изронете го, додајте ги румот и џемот и измешајте, но внимавајте да не се претвори во тесто.

Нанесете ја смесата врз долниот пандишпан, израмнете убаво и прелијте со глазура од чоколадото за готвење и малку масло.

По желба, украсете со јатки или сушено овошје.